Шолц: Нашите мисли се со семејствата на жртвите, темелно да ја истражиме експлозијата во болницата во Газа

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека е згрозен од сцените на експлозијата во болницата во Газа, каде што има стотици жртви и повика на темелна истрага за инцидентот.

„Невини цивили беа повредени и убиени. Нашите мисли се со семејствата на жртвите“, напиша Шолц на платформата Х („Твитер“), пренесува „Ројтерс“.

Германскиот канцелар треба да пристигне во Египет, каде што, по посетата на Израел, ќе се сретне со претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.

Хамас, палестинската милитантна група што ја контролира Газа, го обвини Израел за вчерашната смртоносна експлозија во болницата.

Израел тврди дека експлозијата во болницата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинскиот Исламски џихад, друга милитантна група во Појасот Газа.

18.10.2023 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега