Што да направите со бадниковото гранче?

Доколку не сте го запалиле бадниковото гранче на Бадник или Божиќ, еве што да направите со него сега

На оние што ги почитувале обичаите поврзани со Божиќ, веројатно бадниковото гранче сè уште им е закачено на влезот од домот. Според старите обичаи, бадниковото гранче би требало да се изгори во домот, но со оглед на тоа што денес повеќето луѓе користат струја или греалки, бадниковите гранчиња сигурно им останале цели.

Што да направите со бадниковото гранче што ви останало по Божиќ, а да не погрешите?

На оние што живеат во град, понекогаш им се препорачува да го однесат бадниковото гранче до најблиската шума или парк и да го заврзат за дрво со некој природен конец. Така ќе го вратат во природата, за да може природно да скапе со другите лисја што паднале пред зимата.

Етнолозите потенцираат дека обичаите се менуваат и развиваат во согласност со тоа како семејствата ги доживуваат. Затоа, оние што сакаат да сочуваат дел од бадниковото гранче, можат да го направат тоа, ако сметаат дека токму тоа им помогнало во минатото.

Најважно е божиќните денови да се поминат во мир и пријателство, скараните да се смират, а семејствата да се соберат. Тие денови не треба да има расправии во домот, сите обврски треба да бидат поврзани со празниците и да се извршуваат во мир и тишина.

10.01.2024 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа