Сите екипи се на терен: Се расчистуваат сливници и шахти во Скопје (ФОТО)

 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од секторот канализација, утрово се на терен и ги чистат сливниците и шахтите на територијата на град Скопје, со цел системот да биде подготвен да ги прими водите по топењето на снегот и нормална функционалност на атмосферската канализација.

Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе ја следат состојбата и ќе продолжат со теренските активности во текот на денешниот ден, како и за време на викендот.

21.01.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега