Со „Бела чао“, судските работници протестираат пред Кривичен
Членови на Независниот синдикат за судска служба на Македонија повторно излегоа на штрајк бидејќи повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата.
Тие им порачаа на функционерите „Европски плати за вас, а за нас нема додатоци ни 25%“. Протестот започна со песната „Бела чао“, која се користи како химна на слободата и отпорот.
„За вас сте мајка, за нас маќеа“, им порачаа судските работници на надлежните.
Членовите на овој синдикат ги исвиркаа надлежните од кои очекуваат да им ги исплатат додатоците.
„Не се дига на сите подеднакво, процентот“, порачаа тие.
Целта на судските работници е да добијат, како што велат, европски плати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа