Тетовчанец кривично ќе се гони: Сопругата се обидела да излезе од автомобил при што тој ја зголемил брзината и таа паднала на асфалт

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.М.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. 

На 22.10.2024 додека го управувал своето патничко возило, пријавениот започнал расправија со својата сопруга, по што таа се обидела да излезе од возилото, но тој ја зголемил брзината и таа паднала на асфалтот и се здобила со повреди.

21.11.2024 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега