Три витамини се толку моќни што можат да го закрепнат целиот организам: Задолжителни се по 40-та година
Добро познато е дека на телото по 40-та година од животот му треба поголема и поквалитетна нега, а најдоброто нешто што можете да го направите за вашиот организам е да внесувате доволна количина на витамини.
Најмоќни меѓу нив се витамините Б12, Ц и Д. Доколку имате дефицит на овие витамини, организмот ќе биде на удар на многу заболувања, ќе се чувствувате истоштено и уморно, а и кожата ќе ви изгледа лошо.
Еве како секој од нив влијае врз здравјето и зошто е важно да го обезбедите телото со доволна количина…
Витамин Б12
Тој е одговорен за правилен развој и функција на мозокот и на многу други делови од телото. Витаминот Б12 е нутриент кој го чува здравјето на нервите и клетки на крвта и го поддржува создавањето на ДНК, генетски материјал во сите клетки. Овозможува брзо, рамномерно и ефикасно пренесување на нервните импулси. Токму таа комуникација ни овозможува да се движиме, да слушаме, да гледаме.
Поради современиот начин на живот кој подразбира брзо темпо, најчесто се случува да не внесуваме доволна количина на овој витамин, а тоа може да претставува голем проблем. Недостигот на витамин Б12 ја зголемува можноста за добивање Алцхајмерова болест, кардиоваскуларни заболувања и анемија, проблеми со кожата и косата, концентрацијата, но може да доведе и до мозочен удар.
Доколку имате недостиг на витаминот Б12, црвените крвна зрнца не можат да пренесат кислород до нашите органи, а тоа им е основна функција. Телото можеме да го обезбедиме со овој витамин преку исхраната, а намирниците во кои го има во изобилство се: говедски џигер, говедско месо, пастрмка, лосос, туна, млеко, сирење, јајца, пилешко, јогурт.
Витамин Д
Во последно време, често се зборува за поволните влијанија на витаминот Д врз здравјето, па верувам дека добро знаете дека тој игра значајна улога во правилната работа на организмот и зајакнувањето на имунитетот. Без јак имунитет нема здраво тело, затоа многу е важно редовно да го внесувате овој витамин и пред 40-та година.
Некои научници дури веруваат дека витаминот Д дејствува речиси како хормон, а голем дел од имунолошкиот систем има рецептори за витамин Д. Поради своето значење, витаминот Д се смета за еден од есенцијалните лекови и листа на препарати неопходен за здравствениот систем да биде безбеден и ефикасен.
Во период кога нема многу сонце, треба да го надоместите неговиот недостиг преку храната. Во овие намирници има најмногу витамин Д: риба, печурки, козјо сирење, сок од портокал, полномасен јогурт, полномасно млеко, житарки, жолчки, туна.
Витамин Ц
Овој витамин учествува во повеќе од 300 биолошки процеси во организмот, а со бројни истражувања потврдена е и неговата неопходна улога во одвивањето на имунолошките реакции, односно во создавањето колаген, кој е важен за зачувување на здравјето и интегритетот на кожата, слузницата и непцата.
Витаминот Ц е силен антиоксиданс, кој може значајно да го зајакне имунитетот. Тоа го прави така што ги штити клетките од штетните молекули кои се викаат слободни радикали и кои предизвикуваат оксидативен стрес, како и многу хронични заболувања.
Секојдневното земање витамин Ц е од голема важност за доброто здравје, виталност и младешки изглед, ја одржува правилната работа на имунолошкиот систем и ја враќа изгубената енергија. Во овие намирници го има најмногу: црвена пиперка, киви, портокал, лимон, јагоди, диња, прокељ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа