Украинците што живеат во странство се повикани во војска: ако одбијат, им се закануваат казни

Украински мажи на возраст меѓу 25 и 60 години кои живеат во странство се очекува да се пријават на воена служба, изјави  министерот за одбрана Рустем Умеров. Тој го опиша како „покана“ – но посочи дека ќе има санкции против секој што нема да се придржува.

Претседателот Володимир Зеленски завчера им рече на новинарите дека на Украина и се потребни 450.000 до 500.000 нови војници, но да се стигне таму е „чувствително прашање“. Како што пренесува Би-Би-Си, сето тоа се случува во време кога украинската контраофанзива се чини дека е целосно заглавена.

Киев неодамна беше силно погоден и во однос на помошта од Западот. Имено, американските републиканци го блокираа пакетот воена помош од 61 милијарда долари, а Унгарија, пак, го стопираа пакетот финансиска помош од ЕУ во вредност од 50 милијарди евра.

21.12.2023 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега