ВИДЕО: Ја победи тешката болест, малата Ангела заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника

 

 

Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО објави видео од малата Ангела, која се избори со тешката болест и заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника.

Малата Ангела, која ја напушти Клиниката за детски болести, беше поздравена со аплауз.

„Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот – сестрата на Дамјан здрава си оди дома. Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести. Бравооо, те сакаме херојке наша“, споделија на „Фејсбук“ од здружението САНО.

Децата што успеваат да ги победат малигните болести се вистински херои на детската клиника, а завршувањето на лекувањето го одбележуваат со ѕвонење на ѕвончето и со аплауз од персоналот.

29.06.2023 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега