(Видео) Oбјавена нова снимка од Израелката Ноа, која беше киднапирана на фестивалот

 

Објавено е видео од Ноа Аргамани, една од младите жени киднапирани и однесени во Газа.

На видеото што се споделува на социјалните мрежи Аргамани пие вода.

Снимката од нејзиното киднапирање масовно се споделуваше во претходните два дена. Ноа заедно со својот дечко беше на музичкиот фестивал во близина на границата со Газа кога Хамас упадна и изврши масакр, во кој, според последните информации, убиени беа повеќе од 600 луѓе. Младата жена ја качија на мотор додека таа очајно извикуваше „Не убивај ме“, а нејзиниот дечко беспомошно гледаше додека милитантите го држеа и го носеа во непознат правец.

Татко ѝ низ плач вчера за израелските медиуми жалеше што не успеал да ја заштити.

Израел потврди дека цивили и војници се киднапирани и однесени во Газа, но не даде точна бројка.

На социјалните мрежи беа споделени и фотографии од киднапираните Израелци по кои се трага, а главно се работи за млади жени.

09.10.2023 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега