(Видео) Патници од запалениот авион во Јапонија: „Во кабината беше пекол, чадот печеше“

Денеска во Јапонија се урна патнички авион на „Јапонија ерлајнс“. Несреќата се случи на пистата на меѓународниот аеродром Токио-Ханеда во Токио, а сите патници и членови на екипажот потоа беа евакуирани, соопшти компанијата.

Се верува дека авионот во кој имало 379 патници и членови на екипажот се запалил откако се судрил со авион на крајбрежната стража.

Сите се евакуирани од патничкиот авион и спасени, додека шест членови на екипажот загинале од авионот на крајбрежната стража, а капетанот е тешко повреден.

17-годишниот Швеѓанец Антон Деибе го опиша хаосот по ударот кога Ербас А350 застана на пистата.

„Целата кабина се наполни со чад за неколку минути“, изјави малолетниот патник за шведскиот весник „Афтонбладет“.

„Димот во кабината печеше како пекол. Беше пекол. Се фрливме на подот. Потоа се отвори вратата за итни случаи и се фрливме на неа“, додаде тој.

„Немавме поим каде одиме, па само истрчавме, беше хаос“. Тој, неговите родители и неговата сестра успеале да побегнат неповредени.

Сатоши Јамаке, 59-годишен патник, рече дека почувствувал дека авионот „се наведнал на страна и имало голем удар“.

Друг неименуван патник го опиша „ударот како авионот да се судрил со нешто при пристигнувањето. Видов искра надвор од прозорецот и кабината беше исполнета со чад“.

Трет изјавил за вестите на Кјодо дека почувствувал „тресок и како да удриле во нешто“.

Една патничка рече дека во авионот станувало жешко. „Мислев, да бидам искрена, нема да преживеам“, изјави таа за јапонската телевизија NHK.

Според друг патник, планот за бегство бил тежок бидејќи била користена само една врата. „Во соопштението ни беше кажано дека вратите одзади и во средината не може да се отворат, па сите се симнаа напред“, рече тој.

 

 

 
02.01.2024 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега