Вршат јавен превоз со неисправни кочници: МВР исклучи четири автобуси во Скопје
Полицијата исклучи четири автобуси во главниот град поради неправилност. Два од нив возеле со неисправни кочници
-Полициски службеници од СВР Скопје во координација со инспектори од град Скопје денеска од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани четири возила, од кои две биле со неисправни сопирачки, а едно со неисправен уред за управување. Тие веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа