Арсовска: Имаме заедничка определба да создаваме општество во кое на секое дете ќе му биде овозможена еднаква грижа

 

Денеска, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, присуствуваше на годишниот настан за доделување признание на најголемите поддржувачи на СОС „Детското село“.

Арсовска во своето обраќање истакна дека Град Скопје и понатаму ќе дава поддршка на активностите за развој на личните потенцијали и на општествените вредности на своите граѓани, а особено за најмладите, бидејќи грижата за најмладите е грижа за нашата иднина.

„Изминатиот период имав можност да се запознам со некои од згрижувачките семејства, кои безрезервно ја даваат својата љубов и грижа со цел децата да ги пребродат сите предизвици што им се испречуваат на патот. Наша заедничка определба е сите заедно да работиме и да создаваме општество во кое секое дете ќе има еднакво среќа, поддршка, едукација, родителска грижа и љубов.

Градоначалничката Арсовска истакна дека Град Скопје во рамките на своите можности и понатаму ќе биде партнер и ќе помага за создавање успешни приказни и да се прават промени во општеството.

Во име на Град Скопје, градоначалничката Арсовска ја прими благодарницата од СОС „Детското село“ за придонесот и поддршката кон работата на оваа организација.

 
11.03.2022 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега