Дадвид Козак е напаѓачот во Прага - имал 24 години

Дадвид Козак – дваесет и четиригодишен студент стои зад нападот на Универзитетот во Прага, јавуваат чешките медиуми.

Според последните информации, во нападот загинаа 15 луѓе, а повредени се над 20, од кои 9 се во тешка состојба.

Чешките медиуми јавуваат дека напаѓачот бил ликвидиран од страна на полицијата.

Пукањето се случило во зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во чешката престолнина.

На социјалните мрежи објавени се голем број видеа и фотографии.

21.12.2023 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега