ДУИ го осудува скандалозното насилство врз 3-месечното бебе од етнички причини, министерот и директорот веднаш да си поднесат оставки

 
ДУИ го осудува скандалозното насилство врз 3-месечното бебе од етнички причини, министерот и директорот веднаш да си поднесат оставки, велат од ДУИ. 
 
„Скандалозното физичко насилство констатирано врз 3-месечно албанско бебе од етнички причини од страна на медицинскиот персонал на Детската клиника е неприфатливо, нечовечно и е последица на политичката немоќ на поразените на изборите кои секојдневно ги понижуваат Албанците. 
 
Демократската унија за интеграција бара итна истрага и правна одговорност за сторителите на насилството и одговорност на носителите на фунцкиите без етнички легитимитет во Министерството за здравство и Детската клиника. 
 
Вчерашните снимки од бебе полно со знаци на насилство ја згрозија јавноста, а оставката и одговорноста не треба да се одложат ниту миг.
  
Недостатокот на етнички легитимитет во моноетничката власт и слепата желба за власт преку понижување на Албанците доведе до институционален и државен антиалбанизам во застрашувачки размери“, стои во соопштението на СДСМ.
13.07.2024 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега