Емотивна објава на манекенката: Многу жени ја делат истата приказна
Емотивната и искрената објава на манекенката Криси Тајген, манекенка и сопруга на музичарот Џон Леџенд за загубата на бебето во петтиот месец од бременоста допре до многумина и предизвика голем број реакции.
Повеќе од пет милиони луѓе и дадоа поддршка на Криси и нејзиното семејство.
-Секогаш сме тука за вас и многу ве сакаме, ѝ порача Ким Кардашијан која е блиска пријателка со Криси.
-Срцето ми се крши поради тебе и Џон, многу ми е жал за вашата загуба. Ви праќам љубов. Те сакам, убавице, напиша Парис Хилтон.
-Во овој момент ви праќам многу љубов, порача актерот Ченинг Татум.
Освен од познатите личности, Криси во коментирите доби пораки и од многу жени кои поминале низ слични ситуации и ѝ порачаа дека е многу храбра што објавила фотографија и вест на социјалните мрежи.
-Обично не објавувам работи на профили на познати личности, но толку ми е жал за вашата загуба. Срцето ми се крши поради тебе и твоето семејство, е само една од многубројните пораки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа