Илон Маск се заканува дека ќе се откаже од купување на Твитер

 

Американскиот милијардер Илон Маск, основач на Tesla и Спејс Икс, денеска се закани дека нема да го реализира договорот за купување на Твитер, вреден 44 милијарди долари, обвинувајќи ја компанијата дека одбива да му достави информации за лажни налози.

Адвокатите на милијардерот ја упатија заканата преку писмо испратено до Твитер денеска, во кое се наведува дека од 9 мај, еден месец по неговата понуда да ја купи компанијата, Маск постојано барал информации за да може да процени колку од 229 милиони налози на Твитер се лажни.

Во писмото адвокатите наведуваат дека Твитер само понудил детали за своите методи на тестирање и тврдат дека тоа е „еднакво на одбивање“ на барањето на Маск за податоци.

Адвокатите велат дека Маск верува дека Твитер се спротивставува на продажбата и се обидува да ги попречи неговите права за информирање, како што било дефинирано во април, со договорот за преземање.

06.06.2022 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега