ЈП Градски паркинг за проблемот со СМС пораките: Останете во возилото додека не добиете повратен одговор

 

ЈП Градски паркинг- Скопје понекогаш се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците, информираат од претпријатието.

Како што појаснуваат, станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.

– Граѓаните кога се соочуваат со неприфатена СМС порака за паркирање или стопирање на паркирањето, веднаш да се јават во контакт центарот на ЈП Градски паркинг- Скопје. Во меѓувреме плаќањето за паркинг услугата треба да го направат со греб картичка истакната на ветробранското стакло, посочуваат од претпријатието.

Во овој случај, додаваат, важно е корисниците да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка.

– За подетални информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви: Центар: 02 3 21 55 66; Аеродром: 02 2 44 33 66; Илинден: 02 3 29 82 10, наведуваат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

15.02.2022 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега