За само шест дена успеал да украде вкупно 29.000 литри бензин

 

29- годишниот М.Р. од Белград ја злоупотребил службената картица и на бензиска пумпа од 12 до 17 јуни деноноќно ставал бензин, односно секојден по 600 литри, при што потрошил 4,4 милиони динари.

 

Според податоците со кои располага полицијата тој на 12 јуни ставил 650 литри бензин, истовремено во две буриња, а по само пет минути наполнил уште 400 литри.

Следниот ден тој на наредната бензиска пумпа околу два часот по полноќ повторно ставил бензин 630+430+55 литри во временска разлика од саат време.

Против него била поднесена кривична пријава, при што тој веднаш заминал од белград
и во времетраење од час и половина наполнил шест буриња со по 600 литри или поточно 636 литри и едно од 108 литри, или вкупно 3.700 литри бензин.

Следниот ден тој се вратил во Белград, и на истата бензиска повторно наполнил две буриња со 636 литри бензин.

Третиот ден тој украл дизел, при што непрестано ја користи службената картица и успеал да наточи 4.300 литри бензин до четири часот наутро, а веднаш штом се разденило тој повторно го напуштил Блеград, и наполнил 15 буриња со 600 литри бензин.

 

- Чудно е што никој од вработените на бензиската не му побарал овластување за точење на толкаво количество бензин иако тоа е морално- вели Соња Милојевиѓ директорка на правниот сектор на ЕДБ, каде и бил вработен крадецот. 

23.07.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега