Центар ги санираше последиците од силното невреме

Надлежните во општина Центар синоќа излегоа на терен за да ја увидат и санираат состојбата предизвикана од силниот пороен дожд кој паѓаше во попладневните часови во Скопје.

Службите на општина Центар до полноќ ја испумпаа водата од кујната во О.У. Гоце Делчев, а денеска се врши дезинфекција по што ќе биде оспособена за работа. Исцрпена е водата и санирана е состојбата и во ОУ Ј.Х. Песталоци и во градинката кај Универзална Сала.

Службите од општина Центар по пријави од граѓаните пристапија и кон чистење на подруми и подземни гаражи кои беа наполнети со вода.

- Општина Центар е подготвена да се справи со проблемите доколку се повторат обилните врнежи и поплавите, велат надлежните. 

03.09.2014 - 13:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега