Средба на Јолевски со францускиот помошен секретар за одбранбена стратегија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во рамки на Меѓународниот безбедносен форум Халифакс 2015, оствари средба со францускиот помошник секретар за одбранбена стратегија, Гијом Шлумбергер.

Како што соопшти денеска Министерството за одбрана,  министерот Јолевски во свое и во име на граѓаните на Република Македонија изразил искрено сочувство и жалење до француските граѓани за трагично загубените животи во терористичкиот напад вo Париз.

Јолевски воедно истакнал дека Македонија и Црна Гора треба да добијат покана за членство во НАТО, а Босна и Херцеговина да го започне процесот за членствво во Алијансата. - Само на овој начин граѓаните во регионот ќе се чувствуваат безбедно, а тоа дополнително ќе даде поттик за останатите земји кои сакаат да станат дел од Алијансата, наведуваат во соопштението.

Се додава дека Шлумбергер истакнал дека Франција се соочи со големо зло и оти ова е еден поинаков свет за граѓаните на Франција, за Европа, но и пошироко. Со министерот се согласиле дека е потребна подобра координација и соработка со секоја земја која е зафатена од мигрантската криза

 
 
23.11.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега