Брачен пар од Скопје претепан на пазар

Во Полициската станица во Чаир вчера во 17 часот 25-годишниот Н.Н. од Скопје пријавил дека истиот ден во 14  часот бил физички нападнати од  К.С. и неговиот брат. Додека Н.Н. со неговата сопруга Р.А. се движел низ пазарот во Шуто Оризари, во еден момент  К.С. без повод и причина со  безбол палка  почнал да го удира по главата и телото, а неговиот брат со тупаници ја нападнал  неговата сопруга. По настанот напаѓачите избегале во непознат правец, а Н.Н. бил однесен во Клиниката „Св.Наум Охридски“.

На двајцата им биле констатирани тешки повреди.

 
 
30.12.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега