Бичиклиски му одговори на Меџити: Зошто поставивте дивоградба орел во Чаир

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Александар Бичиклиски одговори на заканите на градоначалникот на Чаир, Изер Меџити кој денеска попладне го повика членството на масовен протест пред камен-темелникот на крстот во Бутел.

„Меџити кажа и остана жив: Ннарушен е бадинтер во бутел и рамковниот договор. Цццццццц …. Абе “Маљук” вие имавте седница на советот во Чаир па да гласаат советниците не албанци? Зошто на пример веб страната на Чаир е на албански и англиски а пазете на македонски е во изработка веќе 9 години ? (Изгледа во Чаир живеат 60% албанци и 40% англичани)Зошто поставивте дивоградба пола во Чаир пола во Бутел? Знаеш ли “Маљук” дека во општината во која си градоначалник има 8 семејства на загинати бранители од 2001 и дека ги понижуваш и навредуваш? Знаеш ли “Маљук” дека околу 60% проценти од албанците во регионов се православни и католици , па те прашувам чии цуства се повредени? Бидејки се декларирате како “интегративци ” дали ги прашавте вашите ограноци со кои се фалевте дека сте мултиетничка партија во Штип Дечево Велес и итн дали се повредени нивните чуства со дивоградбата ? Дали и нивен е ставот како и твојот за крстот? И на крај една мал совет до тебе : Споменик се поставува кога се одбележува нешто и се поставува на местото на настанот. Во 2001 таму кај што ја постави дивоградбата најголем настан е кога доцни приватна 20“, напиша Бичиклиски на Фејсбук.

 
 
03.03.2016 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега