Жена итно пренесена на Ургентен во Скопје

Вчера околу 21:10 часот во Тетово, на улица „167“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка„Пежо 206“ со тетовски регистерски ознаки управувано од лицето Ф.И.(39) од село Камењане, и пешак М.А.(62) од Тетово. Во незгодата пешакот се здобила со тешка телесна повреда (скршеници на левата рака),по што веднаш и била укажана лекарска помош во Клиничката Болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје. Увид на лице место извршила увидна екипа на Полициската Станица во Тетово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
11.03.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега