Конференција за економско јакнење на жените

 

Завршна конференција на тема „Можности и перспективи за економско јакнење на жени“ ќе се одржи денеска во Битола, во организација на британската Амбасада во Скопје, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО и Комисијата за еднакви можности при општина Битола.

Цел на конференцијата е сумирање на постигнатите резултати, зголемување на информираноста и отворање дебата помеѓу засегнатите страни и социјалните партнери за можностите и перспективите за развојот на женското претприемништво во општина Битола.

Конференцијата е дел од проектот „Економско јакнење на жени во две општини“ кој АНТИКО го спроведува од 1 април 2015 до 31 март оваа година.

Воведно обраќање на собирот ќе имаат заменик амбасадорот на Велика Британија, Пол Едвардс и претседателката на Совет на општина Битола и на Комисијата за еднакви можности, Силвана Ангелевска.

 
 
23.03.2016 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега