Приведени неколкумина вработени во катастарската управа

Попладнево, три лица вработени во катастарската управа се приведени поради сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластувањата. Акцијата, според информации на Прес 24 ја реализира финасиската полиција, откако случајот бил детектиран и пријавен од внатрешната контрола на катастарот. Веднаш по пријавувањето, финансиската полиција отпочнала со преземање на мерки и дејствија за документирање на незаконското работење. Според првичните неофицијални информации, вработените за себе незаконски присвојувале пари кои граѓаните требале да ги уплаќаат на катастарот. Извори од истрагата единствено ни потврдија дека акцијата е во тек и дека нема да соопштуваат детали се до нејзиното завршување.

 
 
30.06.2016 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега