Бизарна трагедија во гостиварско: Го затрупала земја додека местел канализација

 

Возрасен маж од селото Вруток го загубил животот додека работел на поставување канализација во гостиварското село Форино, информираат од гостиварската полиција.

Од првичните информации од увидот, што е во тек, се претпоставува дека 64-годишниот М.М. додека поставувал цевки за канализација, во еден момент врз него се срушило поголемо количество на земја и го затрупало. Починатиот со уште две лица бил ангажиран од неколку семејства да направат приклучок на селската канализација во Форино.

 

По завршувањето на увидот ќе бидат познати повеќе детали и причините кои довеле до трагичниот настан кој претпладнево се случи во селото Форино. 

 
 
20.10.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега