Страшна несреќа во Дојран: Се забил во камион, починал на лице место
Трагедија ја потресе Македонија, едно лице го загуби животот во страотна сообраќајка. 41-гоишниот Д.А. од Фурка синоќа во 23 часот и 40 минути со автомобил „Голф 3“ удрил во камион Сканија со полуприколка, со кој управувал 61-годишниот А.М.од Стојаково.
Возачот починал на лице место, а смртта била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош.
Несреќата се случила на патот Нов Дојран – Валандово, кај селото Николиќ.
Телото на несреќниот маж по увидот е предадено за погреб.
28.10.2016 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа