ТРАГЕДИЈА: Тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен - едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, во која маж трагично го загуби животот.

 Вчера во 13:30 часот на патот Битола-Ресен В.С. (62) од Битола, управувајќи автомобил „Киа Спортаж“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од патот и удрил во метален заштитен браник, по што возилото излетало од коловозот и се превртело по надолнината.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал В.С., додека сопатникот во возилото И.К. (23) од Битола, се здобил со телесни повреди.

На истиот му е укажана лекарска помош и бил задржан на лекување во Клиничка болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Битола.

 

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

 
 
01.11.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега