СИТЕЛ: Негувателка истурила врело кафе врз лицето на 5 годишно девојче во скопска градинка

Негувателка со врело кафе изгорела 5 годишно дете во градинка во Скопје.  Кафето на учителката и се истурило додека поминувала покрај креветчето  во кое било девојчето. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница. 

- Инцидентот се случил вчера околу пладне додека децата спиеле овде во објектот “Чекорче” кој е во состав на градинката “Срничка“во Аеродром. Случајот во полиција го пријавила 33 годишната мајка на повреденото дете.

Мајката кога го видела изгореното дете веднаш го однела на скопските клиники. Од Ургентниот центар за Сител информираат дека девојчето било прегледано во амбулантата на Клиниката за детска хирургија и по укажаната лекарска помош го пуштиле дома.

Директорот на градинката каде се случил немилиот настан Јоаким Димулков за Сител изјави дека ги презеле сите дисциплински мерки, и најави дека подготвуваат  отказ за наставничката.

Родителите чии деца се згрижени во оваа градинка не слушнале за немилиот настан.

- Не, не сум слушнал... Не, вчера исто ова време го земав детето и нисто не слушнав, вели дедо на дете згрижено во градинката Чекорче.

Во меѓувреме случајот во градинката Чекорче го испитуваше и инспекција од министерството за труд и социјалан политика.

 
 
02.11.2016 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега