Македонците плаќаат најевтина струја во Европа

 

Заедно со Србија и Косово, Македонија има најниска цена на струјата во споредба со земјите од регионот и за околу 50 отсто помала од европскиот просек

Струјата што ја плаќаат македонските домаќинства е меѓу најевтините во регионот и во Европа. Тоа го покажале повеќе меѓународни статистики, иако тој факт за повеќето граѓани кои живеат со просечна или потпросечна плата, и не е многу значаен. 

Според податоците на европското статистичко биро, „Евростат“, во првата половина од минатата година граѓаните во Македонија плаќале просечна цена на еден киловат-час, од 0,0785 евроценти, помалку од нас плаќале домаќинствата од Косово, со просек од 0,0552 евроценти, па Србија каде што просечна цена на квч. изнесувала 0,0607 евроценти.

Со последната корекција на цената на електричната енергија во земјава, лани во јули, Регулаторната комисија за енергетика ја сведе цената на струјата за македонските домаќинства на 5,56 денари или 0,09 евроценти за еден квч., за скапа тарифа, и двојно помалку за евтината тарифа. 

Според „Евростат“, во првата половина од 2016 година во Словенија цената на квч. во просек изнесувала 0,1630 евроценти, во Босна и Херцеговина била 0,0791 евроценти, во Црна Гора чинела 0,0985, во Грција еден квч. се продавал по цена од 0,767, во Бугарија 0,0832 евроценти за квч., додека во Албанија изнесувала 0,1156 евроценти за квч..

Во земјите од ЕУ 100 квч. во просек чинат 18,4 евра или 0,184 евра за еден квч. Најскапа струја плаќаат Данците, 29,8 евра за 100 киловат-часови, а најниска е цената во Бугарија, 8,7 евра за 100 киловат-часови.

Европските статистичари анализирале дека цената на електричната енергија во Македонија е пониска за околу 55 отсто од европскиот просек, а во Србија за 47 отсто. 

 

 

 

27.02.2017 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега