Автобус прегази дете во Пробиштип

Страшна несреќа во Пробиштип, вчера во 07 часот и 10 минути на улицата „Миро Барага“ се случила сообраќајна незгода во која Автобус „Ивеко–Дејли“ со штипски регистарски ознаки сопственост на „Дора–Травел“, управувано од 32-годишниот З.М. од село Злетово, удрил во 12 годишно девојче од Пробиштип.

Полицијата денеска информира дека во незгодата со скршеница на десна клучна коска, гребаници на десен очен капак и оток се здобило девојчето кое по укажана лекарска помош во Здравствен дом Пробиштип е пренесено во Медицински центар Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.

 

 

 

29.09.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега