Драма се одвивала во КАМ маркет во Скопје

Во 16 часот и 30 минути вчера непознато лице пријавило дека во Скопје на улицата “Народен Фронт“ во “КАМ Маркет“ се одвивала драма.

МВР денеска известува дека три непознати машки лица влегле во маркетот и украле повеќе прехрамбени артикли, но откако биле забележани од мониторинг центарот, истите на излегување биле запрени од вработените. Се работи за 34-годишниот М.П. и 21-годишниот Б.К. кои работат во маркетот, по што лицата и физички ги нападнале.

При обид да се оддалечат од местото на настанот, едниот од нив е запрен и се работи за 19-годишниот К.Б. од Скопје. Истиот е приведен во Полициска станица Центар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

29.09.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега