Обвинетите во случајот „Монструм“ ја негираат вината

Во Врховниот суд во тек е јавната седница за случајот Монструм на која одбраната тврди дека осудените се невини. 

- Треба да постојат низа логични и поврзани факти и околности за да има основа за осудителна пресуда. Во предметот не постои непосреден доказ дека обвинетите сториле кривично дело. Првостепениот суд има верба во заштитен сведок кој вршел утврдување на идентитетот, односно идентификација на обвинетите 6 месеци по настанот - изјави адвокатот Ѓорги Настевски.

Неговиот колега пак Насер Рауфи сизјави дека дошло до загрозување на предметот, мислејќи на загрозениот сведок „1“ кој е спорен во однос на изјавите за возилото кое не било таму. 

- Загрозениот сведок 1 имал видено 48 слики, а меѓу тие слики беше посочено лице кое јас го побарав како сведок, но судот не дозволи. Кодираниот сведок кажал дека овие 4 лица ги гледал точно во исто време наутро и навечер, претпоставувам тоа е така за да не се збуни на прашања од адвокатите, бидејќи претпоставувам знаел дека ќе доаѓа повеќе пати. Првиот и вториот исказ на сведокот се различни и контрадикторни во однос на облеката која тие ја носеле. Има разлика во изјавата на сведокот и во однос на бројката луѓе кои ги видел. Исказот на сведокот за описот на гардеробата на обвинетите е врз основа на снимките од обвинетите во медиумите - рече Рауфи.

Во случајот „Монструм“ за петкратното убиство на Смилковско Езеро што се случи во 2012 година на доживотен затвор се осудени Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута. Тие се обвинети за кривично дело тероризам.

 

 

 

03.10.2017 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега