Завршија годинашните ископувања на неолитската населба Велушка Тумба
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј - Битола ги завршија годинашните археолошки ископувања на неолитската населба Велушка Тумба во село Породин, Битолско.
На овој локалитет археолозите открија наоди кои ќе ги збогатат научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба. Пронајден е богат движен инвентар: керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници.
Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.
02.10.2013 - 12:41
Фото:
Кајгана