Мицкоски се сретна со Чолош и Ќучук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со европратениците од политичката група „Обнова на Европа“ Дачијан Чолош и Илхан Ќучук.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во државата, проблемите со кои се соочува Република Македонија на патот кон ЕУ и нашата европска перспектива.

-Мицкоски истакна дека најсериозен проблем со кој се соочува нашата држава е високата корупција, притоа посочувајќи низа на нерасчистени корупциски афери и скандали во кои се вмешани високо функционери на владеачката партија СДСМ, што пак претставува аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им го напомена на соговорниците и насилното носење на Законот за Jавно обвинителство кој треба да послужи за амнестија на криминалот на власта изминативе три години, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците се согласни дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ.

-Тој потенцираше дека по изборите на 12-ти април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимава со суштински реформи на полето на правосудството и има план како да ја стави нашата држава на брзата трака за членство во Европската Унија. Соговорниците се согласија дека фер и демократски изборен процес е клучен за иднината на државата и дека од особена важност е граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега