Спасовски : СДСМ е отворена и одговорна партија, членството расте, нови 200 члена во Петровец

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски го отвори промотивниот штаб на партијата во Петровец, каде се поделија нови 200 членски книшки.

– Победници, социјалдемократки и социјалдемократи, пред нас е голема победа и најважна, победа која не носи во ЕУ и НАТО, победа против режимот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.

Тој се осврна на успешните реформи во последните 2.5 години, велат од партијата.

– Покажавме што значи да се вети и да се исполни, За само 2.5 години направивме повеќе од што ВМРО-ДПМНЕ направи на кое било поле. За само 2.5 години исполнивме 90 отсто од програмата „План за живот“, со нас државата тргна на прав пат и парите се враќаат кај граѓаните.

Спасовски истакна дека со СДСМ нема делење, имаме еднакви можности за сите, не е важно кој од каква етничка или религиозна припадност доаѓа, важно е дека сите се еднакви пред законот, важно е дека сите имаат еднакви можности, тоа е доказ дека го промовиравме и имплементиравме моделот на едно општество за сите.

– Економијата ја вративме на прав пат. Платите растат, пензиите растат, имаме рекорден број на странски инвестиции, субвенционираме придонеси на компаниите кои ќе покачат плата до 6.000 денари, го имплементиравме проектот „Мој ДДВ“ и покажавме и докажавме што значи парите да се враќаат назад кај граѓаните.

Спасовски заклучи дека гласот за СДСМ на 12 април е глас за развој, интеграции, повеќе пари и силна економија наспроти глас за враќање во минатото и изолации што ВМРО-ДПМНЕ го нуди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега