Три најдобри методи: Како правилно се перат платнените заштитни маски

 

Со неправилно перење може да се оштети и уништи материјалот, па маската ќе ја изгуби својата функција.

Осев физичка дистанца, заштитните маски се едни од најмоќните оружја во борбата против ширењето на заразата коронавирус. Задолжително е да се носат во сите затворени простории како продавници, јавни превози, шопинг центри,, ресторани, кафулиња, работни места, како и на отворени простори каде концентрацијата на луѓе е голема. Експертите напоменуваат и дека оние маски направени од ткаенина треба редовно да се перат и уредно да се чуваат, а ова се најдобри начини за одржување:

1. Најсигурна дезинфекција е вриењето во топла вода, но треба да се знае дека материјалот така може и да се уништи или да се собере, па маската да ја изгуби функцијата. Затоа никако не ги држете на вриење подолго од 5 минути и повеќе од 10 пати. Кога ќе се исуши, добро проверете дали на неа има дупки или било какви оштетувања. Ако, има, фрлете ја.

2. Одличен метод за перење маски е машината за перење алишта. Детергентот е доволен да ја исчисти маската за да биде подготвена за наредна употреба, но треба да се внимава на температурата. Се препорачува перење на 60 степени без омекнувач за алишта.

3. Маската исто така може да се испере во раствор од една лажица избелувач во три литри вода. Тоа ќе ја дезинфицира. Но, бидете внимателни, затоа што големата количина на избелувач или некои други хемикалии може да ја оштети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега