Трагедија во домот на Виолета Томовска: Од корона почина зетот за ќерката за кого е напишана песната „македонско девојче“
Утрово од ковид-19 почина Зоран Росоманов, зетот на фолк-легендата Виолета Томовска, и сопруг на Невенка, девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“, објавува Репортер.
Утрово веста осамна на социјалните мрежи, кои се преплавени од изрази на сочувство кон Невенка за нејзиниот сопруг. Тој на јавноста ѝ стана познат откако за нејзиниот 50 роденден организираше пејачите да направат преработка на легендарната песна „Македонско девојче“.
Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика, пред неколку години, за Репортер раскажал како кога Невенка го славеше јубилејниот 50. роденден организираше да се направи римејк на песната, а го отпеаја оперската дива Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески.
За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Познато е дека Невенка е инспирацијата на Јонче Христовски за да ја напише „Македонско девојче“ уште кога го славела првиот роденден.
По 50 години, во чест на јубилејот, Зоран пред четири години организираше сè во тајност за да ја изненади Невенка со преработката на песната и со спот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа