Последици од коронавирусот: Студија на Оксфорд откри оштетување на белите дробови 3 месеци по инфекцијата
Ковид-19 може да предизвика абнормални промени во белите дробови кои можат да се детектираат подолго од три месеци откако луѓето ќе се заразат со коронавирусот, покажа студија направена во Оксфорд.
Според Би-Би-Си, студија спроведена на 10 пациенти користела нова техника за снимање на белите дробови за да открие оштетување на белите дробови, што не може да се види со конвенционалните методи на сликање. Новата техника користи ксенон гас при магнетна резонанца.
Пулмолозите велат дека тест што би можел да открие долгорочни промени во белите дробови, би значел голема работа за ковид пациентите.
При сликање на белите дробови со новата техника, пациентите вдишуваат ксенон при магнетна резонанца.
Професорот Фергус Глисон, кој го водеше новото истражување, испроба нова техника за снимање на белите дробови на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години.
Новата техника откри оштетување на белите дробови кај луѓето кои се жалат на проблеми со дишењето
Осуммина од нив се пожалиле на замор и проблеми со дишењето три месеци откако биле заразени со коронавирус, иако никој од нив не бил на интензивна нега или на апарати за дишење, а конвенционалните методи на сликање не откриле проблеми со белите дробови.
Нова техника за сликање откри оштетување на белите дробови кај осум пациенти кои се жалеле на проблеми со дишењето или отежнато дишење.На сликите се нагласени местата каде кислород не влегува во крвта.
Имено, ризикот од тешки симптоми на болест и смрт многу се зголемува кога болното лице е постаро од 60 години.Но, истражувањето открива дека оштетувањето на белите дробови се јавува кај луѓе со поширок опсег на возраст, па дури и кај оние на кои не им е потребна хоспитализација, тоа многу ќе се промени, вели Глисон.
Професорот Глисон верува дека оштетувањето на белите дробови откриено со МРИ-уред со помош на ксенон може да биде еден од факторите зад т.н.„долг ковид“ во кој луѓето пријавуваат дека се чувствуваат лошо со месеци по инфекцијата.
Овие резултати го натераа професорот Глисон да ја испланира следната студија, која тој планира да ја спроведе на 100 лица за да утврди дали резултатите од првото истражување се валидни за луѓе кои не завршиле во болница или за оние кои немале толку сериозни симптоми.
Глисон планира да работи со општи лекари за снимање на луѓе кои биле заразени со вирусот и се во широк спектар на возрасни групи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа