Прв знак дека имате премногу влага во собата - експертите советуваат што да направите за да исчезне

 

Не постои магично стапче кое ќе ви помогне. Против влагата треба да се преземат одлучни чекори. Се зависи од конкретниот проблем, но за секој проблем постои решение. 

Знаете ли дека воздухот во вашиот стан може да прими 5 литри вода дневно која се создава само од станарите?

Да се живее во умерена клима и да се има 4 различни годишни времиња со различни временски услови е одлични. Но, баш таквите услови, со дожд, снег, сонце и променливи температури бараат од зградата во која живеете одржување на идеална температура и влага. Две причини се главни виновници за  влажни ѕидови. Треба да се разликува влагата која настанала поради истекување и влага која настанала поради кондензација.

Влагата поради истекување е последица од лоша хидроизолација, а ја издаваат главно жолти и смеѓи дамки. Влагата од кондензација е последица на недоволна топлинска изолација и лоша вентилација во просторот. Ако ѕидовите не се примерно направени, ако „не дишат“, ќе има многу влага и кондензант во китовите.

Влагата во вашиот дом треба да се мери, поради контрола на количината на енергија која троши венталицаијата. Потрошната енергија во домот ќе биде помала со користење на уреди за мерење влага.

„Воновници“ за зголемената акомулација на влага во станот се прозорците. Важно е редовното проветрување. Домовите ни се често „дехидрирани“ поради греењето. Сигурно сте забележале дека во нив има многу прашина и многу статички електрицитет. Тоа е затоа што новите градежни материјали за изработка на прозорци го намалуваат губењето на топлината, што беше вообичаено со старите дрвени прозори и врати кои „дихтуваа“. Ако, на пример, вградиме совршено нова столарија, нема да има повеќе провев. Термички и акустички сте добиле одлична изолација, но нема вентилација. Затоа, ако немате софистицирани уреди кои регулираат измена на воздухот во вашиот простор, направете го она што го правеле нашите баби - проветрувајте го домот наутро кога ќе станете од спиење. И тоа дури и ако живеете во центарот на градот и надвор е загадено/ Свежината ќе донесе и удобност и убаво чувство.

Над и околу прозорците, во аглите на просториите, на внатрешните и надворешните ѕидови ќе се појави уште на почетокот на сезоната на греење влага, околку просторот кој не е доволно топлински изолиран не се проветрува.

Во борбата со овој проблем погрижете се за конечното решение - добра изолација на ѕидовите, фасада. Постоечката мувла најдобро ќе ја решите со употреба на стопроцентен алкохол. Ако немате или не можете да набавите, препорака на експертите е да користите барем 80 процентен алкохол, затоа што алкоолот ја разредува и самата влага на која се нанесува. Местата со мувла препорачливо е да се испрскаат, а не да се бришат, за да не се прошират повеќе во стнаот.

Со правилнио ветреење и загревање можно е во значителна мера влагата да се држи во дозволените граници. Релативната влага на воздухот во станот треба да биде од 65 до 70 отсто. Многу е важно вишокот на влага која ја создаваме со одредени активности во станот ( со нашето тело, перење, туширањето, капењето и слично) редовно да ја сифрламе надвор и тоа со проветрување на воздухот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега