Почина српскиот пејач Џеј Рамадановски

 

Почина познатиот српски пејач Џеј Рамадановски.

 Пејачот починал на 56-годишна возраст, поради проблеми со срцето.

Српските медиуми пишуваат дека докторите го реанимирале Џеј во околу 14:30 часот.

Инаку, Џеј пред три години ги опрерирал срцевите залистоци во Виена и тогаш докторите му рекле дека мора строго да води сметка за исхраната и да води здрав живот.

Џеј неодамна во интервју рекол дека е во строг карантин затоа што поради здравствените проблеми, корронавирусот би бил погоубен за него.

„Не смеам да излегувам за да не се изложувам на ризикот да се разболам. Веќе имав здравствени проблеми со срцето и вирусот за мене би можел да биде кобен. Не се гледам ниту со најдобрите пријатели“ – рече тогаш Рамадановски.

Џеј е роден на 29. мај во 1965 година во Белград. Од бракот со поранешната сопруга Нада има две ќерки - Ана и Марија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2020 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега