Забележала дека нејзината мајка е жива само неколку секунди пред да биде кремирана- жената веднаш вратена во болница во Аргентина

 

Една жена во Аргентина останала запрепастена кога открила дека нејзината мајка е сè уште жива само неколку секунди пред да биде кремирана.

Старицата, 89, која не била именувана, била примена во приватна болница во Рестенсија, на северот на Земјата, откако во саботата се пожалила на болка во градите. Следниот ден на нејзината ќерка и бил даден сертификат за смрт затоа што жената наводно починала по срцев удар, пренесува „Дејли меил“.

Додека погребните работници се подготвувале да ја пренесат старицата преку подвижниот појас до крематориумот, нејзината ќерка го запрела процесот откако забележала дека нејзината мајка сè уште дава витални знаци.

Жената е вратена во приватна клиника каде моментално се наоѓа на интензивна нега, објавија локалните медиуми.

Жерката ја пријавила клиниката, а властите потврдиле дека ќе спроведат истрага.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега