Неколку населби во Скопје останаа без вода
Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм. на улица Димитрие Чуповски бб. до гимназијата Јосип Брос Тито со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од улицата Димитрие Чуповски од гимназијата Јосип Брос Тито до Министерството за правда и дел од улицата Даме Груев.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје.
Без вода поради уличен дефект од ф 400 мм на ул.Методија Андонов Ченто бр.2 н.Маџари, ќе бидат и дел од корисниците од ул.Методиа Андонов Ченто од бр.2 до бр.10, ул.Палмиро Тољати и дел од ул. Маџари Прекинот во водоснабдувањето ќе биде утрово од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа