Куќен притвор за Рашковски

 

 

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ќе оди во куќен притвор откако беше осуден на осумгодишна затворска казна за случајот Софтвери.

Куќен притвор му е одреден на неправосилно осудениот Драги Рашковски, поради опасност од бегство. Тој доби и забрана да комуницира со останатите обвинети. Останатите за кои се побараа мерки, тие не беа одредени. Притвори поради опасност од бегство побара обвинителката Ивана Трајчева. „Предлагам на Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев да се определи притвор, бидејќи може да се дадат во бегство, а заради издржување на казната затвор. Оправданиот страв дека сега обвинетиот Рашковски ќе се даде во бегство го темелам на следните факти: Со решение на Апелација му беше укината мерка куќен притвор и беше пуштен на слобода со гаранција“, кажа Трајчева објаснувајќи за вредноста на имотот на Рашковски кој е со помала вредност од тоа што првично било кажано. За Станчев кажа дека тој нема потесно семејство, а има пари кои може да ги искористи за да се даде во бегство. За Ивица Димитровски и Игор Христов, обвинителката посочи дека обвинетите имаат извлекувано пари во готовина кои ги давале на обвинетиот Рашковски, односно дејствувале заедно – што е околност дека може да бегаат.

Обвинителката Ивана Трајчева рече дека ќе се жали и ќе бара притвор. „Ќе има жалба од Обвинителството. Обвинителството смета дека за сите постојат реални причини дека можат да се бегство. Оставам прво да го примиме решението“, рече Трајчева.

06.07.2023 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега