СДСМ: Јанева ја покажа својата неспособност кога рече дека децата може да учат англиски од серии

 

Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на Министерката Весна Јаневска предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Ова денеска го велат СДСМ преку соопштение за јавноста, кое ви го пренесуваме во целост:

Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јанева која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници. 

Очигледно Јанева нема капацитет да го води овој толку значаен ресор.

Оваа концепција, која се турка без доволна консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието.

Како одговорна политичка партија, СДСМ повикува на итно организирање на Јавна дебата со сите засегнати страни за да се обезбеди квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците.

Јавна дебата не е поставување на Концепцијата на веб-страницата на БРО. Несериозно е да се прават сериозни реформи без јавна дебата, од таа причина оваа Концеоција ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката.

Неопходно е министерката Јаневска да преземе одговорност и да ја повлече предложената реформа, каде меѓудругото се укинуваат предмети кои се основата на гимназиското образование. Без предметите филозофија, етика, логика, социологија, педагогија и други, се урнисува основата на гимназиското образование.

Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната Концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релеватни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации.

04.02.2025 - 09:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега