Орбан: Трамп го „преврте светот наопаку“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп веќе го „превртел светот наопаку“, пренесува Анадолија.
Орбан смета дека Европа ја чекаат тешки месеци бидејќи повеќето бирократи во Брисел мислат дека можат да го избегнат претстојното „торнадо на Трамп“.
„Вчера го одржавме првиот самит на ЕУ во Брисел по инаугурацијата на претседателот Трамп. Тоа беше чуден собир. Секој во Брисел може да го види торнадото на Трамп како доаѓа, но повеќето сè уште мислат дека можат да избегаат од него. Нема“, изјави Орбан на социјалната мрежа Икс.
Нагласувајќи дека Трамп во две недели воведе неколку мерки што го „превртеа светот наопаку“, Орбан рече дека со овие мерки се стави крај на „родовото лудило“ во Америка, се стави крај на финансирањето на „глобалистичките организации на Сорос, се стави крај на илегалната миграција и се стави крај на поддршката за Руско-украинска војна“.
„Со други зборови, сè што бирократите во Брисел се обидуваа да ни го стават во грлото во последните години е завршено. Но, има уште нешто. Можеме да се збогуваме и со правилата на светската трговија какви што ги знаеме. Претседателот Трамп ќе се залага за американските интереси, дури и против Европа. На Европската унија и претстојат тешки месеци, а бирократите во Брисел ќе имаат тешко време“, рече Орбан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа