Повторно пукање во средно училиште во САД

 


Инцидент се случил во средно училиште во Мериленд, САД, а на терен се голем број полицајци, соопштено е.

Засега други информации не се потврдени, но медиумите неофицијално јавуваат дека имало пукање.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како ученици панично излегуваат од зградата, додека се присутни голем број полицајци.

Засега нема информации дали има повредени.

Да потсетиме, во престрелката што се случи завчера во Џорџија, ученик (14) уби двајца ученици и двајца наставници, додека девет лица се повредени.

06.09.2024 - 21:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега