СДСМ: Муцунски троши 38.000 евра за компјутери а се жали дека општината нема пари
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз, обвинија од владејачката СДСМ.
Оттаму додаваат дека Муцунски потрошил речиси 38.000 евра за набавка на 35 скапи компјутери.
„ Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери. Тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја а во исто време троши 38.000 евра за компјутери.
Уште еден доказ за расипништвото и недомаќинското работње на Муцунски, кој во првите сто дена од мандатот постави само еден легнат полицаец. Други проекти во Аеродром не се реализираат.
И Муцунски како и Данела Арсовска знае само да се жали, да нуди изговори за неработењето, да бара пари од Владата додека општинските средства ги троши расипнички“ велат од СДСМ.
Од владејаќката партија порачаа дека Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа