СДСМ: Неспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија

Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола, велат од СДСМ.
 
„Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите. 
 
Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола.
 
Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија.
 
Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има.
 
Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност.
 
Изминатите години СДСМ успешно ги менаџираше пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа.
 
Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар.
 
Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани.
 
За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност“, стои во соопштението на СДСМ.
17.07.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега