Скопјани спремете се: Повеќе општини без струја

 

Без струја денеска ќе бидат корисниците од дел од улиците од општините Карпош, Аеродром и Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, причината за прекинот на електричната енергија се технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улиците „Драгутин Аврамовски Гуте“, „Иван Цанкар“ и „Вангел Дину“, како и корисниците од булеварот АСНОМ броеви 9 и 13 и улицата „Фебруарски Поход“ броеви 34 и 36.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Стив Наумов“ број 102 Г и број 102 Д.

16.02.2022 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега